Во 22 часот и 30 минути 70-годишниот Д.Ѓ. од Скопје пријавил дека во 09 часот од дома во непознат правец се одалечил неговиот син.

Се работи за 41-годишниот Д.Ѓ. по кој полицијата трага.

Во 12  часот во Полициското одделение Сарај 28-годишниот И.Н. пријавил дека на 16. од домот во непознат правец се оддалечила неговата сопруга, 26-годишната Е.О.

Во 18 часот во Полициската станица Чаир Б.Ј.(53) пријавила дека на 12. од домот во непознат правец се оддалечила нејзината сестра, 49-годишната Т.М.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.