Две малолетни девојки пријавени за исчезнати во полиција

Две пријави за исчезнати лица пристигнале вчера до полицијата

- На 01.02.2024 во 21.15 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Т.(48) од с.Волково, скопско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Ј.Т.(14), која и претходно се оддалечувала и била враќана, а има и здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопшти полицијата. 

- На 01.02.2024 во 16.00 часот во Полициската станица Гази Баба, С.М.(48) од с.Сингелиќ, скопско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Р.М.(14), за која се сомнева дека е со машко лице. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, известија од МВР за другиот случај.