Обезбеден е пристап до сите села во руралниот дел од општината. Изминатата ноќ интензивно се расчистуваше на подрачјето на Орман, Никиштани, Кучково и Волково. Фрлени се 30 тони на сол.

Денеска,  зимските служби се фокусирани на работа во урбаниот дел. Во соработка со ЈП ,,Паркови и зеленило” обезбедена е дополнителна  механизација со која ќе се чистат тесните улички и тротоарите. Истовремено,  се работи на улиците низ Ново Село, населбите Даме Груев, Ѓорче Петров, Хром. Уште еднаш апелираме до возачите да не паркираат на улиците со цел зимските служби непречено да ја вршат својата работа. Но, апел упатуваме и до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот пред  нивните објекти.