Инспекторите во акција - изречени 56 казни за пушење во затворен простор

Пазарните инспектори од 10 до 14 јануари имале 200 надзори, при што биле изречени 56 казни за пушење во затворен простор.

Казните за овие прекршоци се од 2.000 до 4.500 евра, додека за одговорното лице од 500 до 1.000 евра.

Казна има и за гостинот кој го прекршил законот и ќе треба да плати од 100 до 300 евра.