Државниот пазарен инспекторат нема надлежност да проверува ковид-пропусници кај поединци

Државниот пазарен инспекторат нема надлежност да ги контролира лицата кои влегуваат во угостителските објекти дали поседуваат сертификат или дали тој е валиден, вели Анета Симеска Димоска, директорката на Државниот пазарен инспекторат.

-Сакам да појаснам дека Државниот пазарен инспекторат нема надлежност да ги контролира лицата при влез во локал дали поседуваат и дали им е валиден сертификатот .Aпeлирам до угостителските објекит и лицата кои се назначени за проверка на потврдите да ја користат апликацијат за валидноста од МЗ. Затоа што при наша контрола, ако се потврди дека лицата немаат сертификат, одговорноста е на угостителот, објасни Димоска.

Таа кажа дека Државниот пазарен инспекторат не се надлежни да казнуваа за непоседување на сертификати на поединци или поради лажни сертификати во кафулиња и ресторани, додавајќи дека таквата надлежност е на Министерството за внатрешни работи.