Инспекторите на Град Скопје почнаа да казнуваат

Изминатите денови извршена е засилена контрола во реонот на населбата Лисиче.

-Контролата се спроведе со комбинирани тимови на инспектори за животна средина, комунални инспектори и комунални редари. Лоцирана е куќа каде во дворот се вршело недозволено спалување на кабли, пластика и секаков вид на материјал. Покрената е постапка и сторителите ќе бидат соодветно казнети, велат од Град Скопје.

Од гардот најавуваат дека засилените контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираат до граѓаните секое незаконско дејствие да го пријавуваат до надлежните органи.

Освен во Лисиче комуналните редари казнија и сторител кој на Партизанска го оставил градежниот шут на јавни површини.

– Комуналните редари во акција на терен, бул.Партизански одреди бр. 79 пронајден е сторителот и соодветно казнет исто така задолжен е целиот градежен шут да биде исчистен и просторот вратен во првобитна состојба. Секое загадување на просторот пријавувајте го со точна адреса за да можат екипите на терен веднаш да реагираат, истакнуваат од Градот.