Никола Груевски, поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, тргна директно кон претседателот на Собранието Талат Џафери заедно со останатите пратеници на опозицијата.
Груевски го поли со вода Џафери, а откако спикерот под притисок на опозицијата повика да се одржи пауза тргна во директна вербална конфронтација која за влакно ќе прераснеше во физичка.
Веднаш реагираа и собраниските служби од обезбедувањето кои спречија поголем инцидент, а повторно е побарана пауза во работата на Собранието.