Инцидент во прилепскиот затвор: Затвореници со нож изболе осуденик

Вчера во Казнено – поправната установа Затвор Прилеп, по претходна расправија, осудениците Д.К. и С.Р. со остар предмет го нападнале осуденикот Е.Ш.(35) од с.Шишево, скопско, при што му нанеле повреди.

Увид бил извршен и за настанот бил известен јавен обвинител.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, објави МВР во дневниот билтен.