Кривична пријава против двајца затвореници, со нож боделе друг затвореник

Поднесена е кривична пријава против две лица од Прилеп откако пред 10 дена се обиделе да убијат друг затвореник кој исто така отслужувал казна затвор.

„СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. На 07.04.2024 во Казнено - поправната установа Затвор Прилеп, каде издржувале затворски казни, пријавените физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана“