Инцидент во основно училиште: ученичка нападната од својот наставник во училиште во Скопје

Во скопско училиште вчера се случила вербална расправа, а потоа и физички напад од страна наставник кон ученичка, стои во пријавата на полицијата.

- Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје, Ш.Ј.(37) од скопско село пријавил дека неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзиниот наставник Џ.А. од основно училиште во скопско село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.