Импровизирана куќарка направена од стари душеци и картони во центарот на Скопје

Во импровизирана куќарка направена од стари душеци и картони во центарот на Скопје живее жена. Овој објект е поставен на неколку чекори од Народната банка и железничката станица.

Граѓаните подолго време реагираат дека е проблематична и оттаму се шири неподнослива миризба. Постојано објавуваат фотографии како оваа жена врзува животни и не се знае што прави со нив . Еден ваков пример кој ги згрози минувачите е кога жената среде бел ден беше клекната пред мртва овца до половина одрана. Според реакциите таа го поречувала и сообраќајот  бидејќи честопати го метела главниот булевар. Граѓаните кои често минуваат оттука велат дека таа е овде подолго време,  но никој не презема ништо, пренесува Сител.

Со овој случај запознаени се и скопскиот центар за социјални работи од каде информираат дека жената е корисник на постојана парична помош но имото на кој живее не го поседува.

Министерката пак вели дека социјалните служби не можат никого на сила да отстранат од улица, на жената и било понудено сместување, но одбила.

Со дивоградбата и однесувањето на бездомничката запознаени  се и локалните власти.

Забележавме како странски туристи се шокирани од оваа слика во центарот на градот каде на автобуската и железничка станица секојдневно пристигнуваат и ова е првото нешто што го гледаат во Скопје.