Имате ли дупчиња на грбот? Овие луѓе се единствени и се раѓаат со посебен дар

Ги имате ли? Две благи симетрични вдлабнувања во долниот дел на грбот, баш над задникот? Ако имате потврден одговор, сопственик сте на венерини дупчиња.

Многумина сметаат дека е среќа да се има вакви дупчиња затоа што го разубавуваат изгледот на задниот дел од телото, а уште повеќе се воочливи на оние тела кои се атлетски градени, немаат многу маснотии и имаат изградени мускули.

Овие вдлабнатини се почести и понагласени кај жените, а од многу поодамна се сметаат за убави и секси, па затоа името го добиле по Венера, староримската божица на убавината и љубовта, односно кај мажите според Аполон, грчко-римскиот бог на машката убавина.

Професионалното латинично име за нив би бил lumbales laterales, односно лумбални странични вдлабнувања, и тие всушност се само површински одраз на надворешните карлични коски со кружната коска. За нив е „одговорен“ краткиот лигамент кој се протега од наведениот дел на ‘рбетот до кожата.

Тие немаат врска ни со една врста предизвикани здравствени проблеми, па ниту со болките и непријатните кочења или „фаќања“ кои луѓето ги имаат во долниот дел на грбот. Напротив, обично се смета дека се знак на добра генетика, подобра циркулација на крвта и пониското ниво на маснотии, макар што можат да бидат видливи и кај витки и кај помалку витки луѓе.

Дупчињата на грбот, според професионалните познавачи на анатомијата на човечкото тело, навистина се и показател на сензуалност затоа што луѓето кои ги имаат повеќе уживаат во интимните односи и тоа сѐ заради зголемената циркулација на крвта.

Венерините, односно аполоновите дупчиња, едноставно се резултат на генетика, т.е. наследен облик на коските во долниот дел на телото, па затоа не можат да се направат со диети или со вежби за мускули.