Професорот и психијатар Стојан Бајрактаров во емисијата „24 анализа“ кажа дека менталниот склоп се гради трансгенерациски и историски.
Според психијатарот, насилството не е чудно за овие простори затоа што го имало во историјата.
-Тука имаме народи кои се самопрокламираат како воинствени и такви како мирољубиви како што сме ние. Кога се создава еден таков наратив дека една агресивност насочена кон другите се слави, се прават и такви слики како ќе ни изгледаат децата. Имаме модерен начин на родителство со недостаток на време за децата, вели Бајрактаров.