И вработените во приватниот сектор коишто имаат деца првачиња имаат право на слободен ден

Од здружението за заштита на работничките права со известување за вработените во приватниот сектор, коишто имаат деца првачиња!

- Почитувани, поради тоа што во Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, не содржи одредби со кои се предвидува слободен ден за прв училиштен ден, односно составувачот на договорот го изоставил тоа право коешто е предвидено во Општиот колективниот договор за јавниот сектор, можете да искористите ден од годишен според член 144 став 2 од Законот за работни односи „Работникот има право два дена од годишниот одмор да ги искористи во денови коишто самиот ќе ги определи, ако тоа посериозно не го загрозува работниот процес, за што мора да го извести работодавачот најдоцна три работни дена пред користењето“, се вели во нивното соопштение. 

Исто така вработените во приватниот сектор ова право можат да го остварат со договор со работодавачот. Со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството не е забрането да му се даде слободен ден на работникот во приватниот сектор, појаснуваат од здружението во пресрет на 1. септември кога првачињата заедно со првоооделенците ќе тргнат на училиште.