И вчера се одржа мирен протест пред Собранието - референдум треба да биде бојкотиран, велат граѓаните

Помала група граѓани и вчера одржа мирен протест пред Собранието на Република Македонија против Договорот за спорот со името.

Учесниците на протестот ги повторија ставовите дека за нив Договорот е штетен и спротивен на Уставот и на македонските државни интереси.

Тие повторија и дека Договорот треба да биде отфрлен и дека најавениот референдум треба да биде бојкотиран.