Хаос во скопско Батинци: Се тепале, а се заканувале и со ножеви и пиштол

Физичка пресметка со закани со пиштол и нож вчера се случила во скопско Батинци. 

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 17.33 часот во Полициската станица Драчево, Џ.Р.(23) од с.Батинци, скопско, пријавил дека во с.Батинци бил физички нападнат од Ш.А., С.А. и А.А., при што С.А. имал и пиштол.

- Во 17.37 часот, А.А. пријавил дека во с.Батинци, Ш.Н. и А.Б., за кои подоцна е утврдено дека биле со Џ.Р., со нож му упатиле закани. По преземени мерки, полициски службеници од Полициската станица Драчево ги пронашле сите инволвирани лица и се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од полицијата.