Починат маж пронајден во својот дом во скопско

Починат скопјанец пронајден во својот дом во селото Батинци. 

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера околу 14.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом во с.Батинци, скопско, бил пронајден починат Б.С.(66) од с.Батинци.

Полициски службеници од Полициската станица Драчево излегле на местото, а од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.