Нестабилна облачна маса од запад ја зафаќа Скопската Котлина и градското подрачје, информира УХМР.
Проследена е со пороен дожд, грмежи и краткотрајно засилување на ветерот. Движењето е во правец кон исток со релативно голема брзина, па се очекува нејзино поминување во наредниов час.
Во делови од Скопје падна град. Граѓаните споделуваат дека град паднало во Железара и Бутeл, а многумина констатираат дека ваквата временска состојба не е својствена за месец декември.
Денеска ќе имаме променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне кога претежно во северозападните делови ќе има и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд, претпладне со ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта северен ветер. Максималната температура ќе достигне 15 степени.