Градоначалникот Стефковски во велигденска посета на СОС Детско село

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски денес беше во велигденска посета на СОС Детско село.

-За мене беше посебно задоволство да бидам денес заедно со дечињата од СОС Детското село согласно традиција на Велики четврток да го украсиме велигденските јајца. Посебно е чувството кај мене што со денешната посета бев причината за среќа кај тие дечиња кои за жал останале без родителска грижа.

На дечињата им подарив велигденски подароци и им посакав добро здравје, многу среќа и успех. Општина Гази Баба негува пријателски однос со СОС Детско село преку реализација на заеднички проекти и тоа ќе продолжи така и во иднина, информира Стефковски.