Го осудуваме кукавичкиот чин врз Таравари, порача министерот Логa

По информациите за расколот во Алијанса за Албанците, министерот за правда, Кренар Лога кој важи за приврзаник на Таравари преку објава на својот Фејсбук профил порачува членството да се смири и да се изнајде вистинскиот пат во партијата.

Лога во Алијанса за Албанците гледа „заедничка куќа“.

„Почитувани членови и симпатизери, сакам да ве известам и да ве уверam дека канцелариите на Алијансата за Албанците се за сите нејзини членови. Денес можеме да имаме недоразбирања и несогласувања, но воопшто не треба да се одалечиме еден од друг, од нашата заедничка куќа.

Додека сите заедно се трудиме да го изнајдеме правиот и вистинскиот пат, повикуваме на самолонтрола и смиреност. Ние сме поминале многу настани заедно, како радосни, така и тажни. Заради тоа апелираме и да ни се разделат нашите патишта, ова да го направиме како цивилизирани луѓе и семејни луѓе“, порачува Лога.

Лога го осудува секој вид на насилство.

„Го осудуваме, секој ваков чин на насилство од кој било, исто како што денеска го осудуваме кукавичкиот чин врз нашиот сопартиец Арбен Таравари. Насилството не е решение. Нека полициските органи го обелоденат случајот и виновниците да се изведат пред лицето на правдата. Сме биле толку многу пати заедно, што ни треба за да си го одржиме достоинството пред членовите на нашите семејствота“, апелира Лога.