Јаневска: Образованието ни е во многу лоша состојба, ниту една реформа не го дала очекуваниот ефект

Министерката за образование и наука Весна Јаневска за ТВ 24 вели дека образованието ни е во многу лоша состојба и ниту една реформа до сега не го дала посакувануот ефект. Тоа се видело и во последните ПИСА резултати каде што ние како држава не сме се поместиле од долниот дел на табелата

„Првенствено, ќе посветиме внимание на основното и средното образование. Од програмата произлегуваат низа значајни промени. На пример, планираме подолг престој на учениците во училиште и тоа сите од прво до четврто одделение да бидат во целодневна настава, а учениците од петто до деветто одделение да бидат во продолжен престој, односно по осум часови во кои нема само да седат над книга, туку ќе имаат многу наставни и вон наставни активности, рече“ Јаневска за ТВ 24.

Таа потенцираше дека во план е ревизија, а не укинување на концепцијата за основно образование, затоа што, како што рече, мора да се одржи континуитет на нешто што е веќе започнато.

„Тоа што е добро од постојната концепција, ќе продолжи, додека тоа, пак, што не го дава ефектот кој се очекувал, треба да го поправиме, посочи Јаневска, потенцирајќи дека во иднина посебно внимание ќе се посвети на детектирање и работа со талентираните ученици кои, потенцира, мора да ги зачуваме во државата“ вели Јаневска