Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев и неговата свршеница Ивана Богоева вчеравечер правеа свадбена веселба во еден скопски ресторан.

Стефан и Ивана се венчаа пред најблиските роднини во црквата „Св. Пантелејмон“ во јуни годинава. Избраничката на градоначаникот на општина Карпош, која на венчавката носеше сребрена шик креација, за свадбената веселба избра венчален фустан од тантела, а Стефан бел смокинг.

Од фотографиите на социјалните мрежи се гелда дека повеќето скопски градоначалници вчера присуствуваат кај колегата на веселба, а го испочитувале и пратеници и министри и директори од владејачката партија.