Општина Карпош бара темелна истрага за денешниот пожар

Општина Карпош изрази жалење за денешниот пожар во којашто изгоре поранешниот Градски завод за урбанизам, кој е во стечај.

– Со ова заминува дел од историјата на Град Скопје, макети од значајни објекти, проекти и урбанистички планови. Симптоматично е што пожарот многу брзо се ширеше и затоа Општина Карпош бара од Министерството за внатрешни работи – Службата за противпожарна заштита да направи темелна истрага за причините за пожарот, се наведува во соопштението.