Општина Кисела Вода информира дека денес од 09:00 часот без вода ќе бидат корисниците на дел од ул.Ѓорѓи Димитров и дел од ул.Вера Јоциќ.

Од „ЈП Водовод и канализација“ соопштија дека прекините се поради поврзување на водоводен приклучок од Ф 100 мм на ул.Ѓорѓи Димитров бб. Истите ќе траат се до завршување на преземените работни активности.