Фото: „Отров“ се продава во невина детска амбалажа!

Загрижена скопјанка ни ја испрати оваа фотографија од детско сокче кое се произведува во Македонија. Од фотографијата може да се види дека составот на овој сок е толку лош што слободно можеме да го наречеме отров ако го пијат деца!

Состав: Вода, Засладувачи Е950, Е951*, Е952, Е954, регулатори на киселост: лимонска киселина, Е330 и натриум цитрат Е331, антиоксиданс аскорбинска киселина Е300, конзерванси: Е211 и Е202, боја: Е122 и ароми. **Содржи аспартам - извор на фенилаланин **Може да имаат неповолен ефект на вниманието и активноста на децата.

Загрижената скопјанка ни напиша дека овој сок бил ставен во пакетчето кое го добило нејзинито синче за нова година.