Град Скопје со нова одлука: Пријавете ако видите фрлање отров

Градот Скопје излезе со соопштение во кое најостро ја осудува целата постапка на одредена група граѓани кои се занимаваат со фрлање отровни материи за да го намалат бројот на бездомните животни. 

Поради масовното труење голем број активисти, здруженија за заштита на животни и љубители на истите, излегоа на масовен протест со кој сакаа да апелираат до надлежните да го реши целиот проблем на труење. 

Голем број граѓански активисти за заштита на животни тврдат дека во последно време особено често се појавува фрлање на отров за труење на животните. Поради тоа што продажбата на отров од прва категорија не е ограничен со лиценца, продажбата на истиот не може да се евидендира. Од таа причина целта на протесниот марш е промена на регулативата. 

Оваа постапка е крајно неодговорна и претставува сериозна опасност по здравјето и животот на луѓето и животните, а воедно истото претставува и кривично дело. Градот Скопје остро го осудува ваквото поведение на некои несовесни граѓани и уште еднаш апелираме, доколку се забележи ваков случај, веднаш да се пријави во полиција – стои во соопштението на град Скопје. 

Според соопштението, сите граѓани кои ќе забележат фрлање на отров од одредено лице, треба да се јават во полициска станица на 192.