Фондот за здравство вработува десет лица во Скопје, Струмица, Штип - плата 31.900 денари

Агенцијата за администрација ден по референдумот објави јавен оглас за вработување на 10 јавни службеници во Фондот за здравствено осигурување на Македонија.


Платите за овие работни места во зависност од работното место се движат до 31.900 денари, а вработените треба да бидат работно ангажирани во Скопје, но и во подрачните служби на Струмица, Кратово, Штип…

Дел од огласите се двајца шефови на кабинет, соработник за договори со здравствени установи, стручен соработник за управување со човечки ресурси, соработник за надоместок за лекови, контролор, тројца раководители на подрачни служби и еден републички инспектор.

Огласот е објавен во согласност со Закон за административни службеници, Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службениц и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор.