Организиран дочек на македонската репрезентација

Денеска околу 13.30 часот, на аеродромот во Скопје треба да пристигне македонската фудбалска репрезентација.

Ова беше прв настап на Европско првенство во фудбал за нашите репрезентативци, а вчерашниот дуел против Холандија беше последниот за капитенот Горан Пандев во дресот на Македонија. 

Организираниот автобуски превоз до скопскиот аеродром тргнува во 12:30 часот пред Агенцијата за млади и спорт.