Еве колку пари си наплатиле скопјани лани по каснувања од кучиња скитници

„Комунална хигиена“ исплатило повеќе од седум милиони денари во 2018 како трошоци за каснување од кучиња скитници лани над граѓаните на главниот град, се вели во извештајот на скопското јавно претпријатие што го објави за своето работење во текот на изминатата година, пишува Фактор.

3,54 милиони денари се исплатени по основ на спорови по пресуди за надомест на штета од каснување на куче и 3,4 милиони денари се главен долг.

Во најголемиот дел пресуди половина од штетата ја исплаќа Град Скопје, додека втората половина ја исплаќа ЈП Комунална Хигиена, па се верува дека сумата што си ја наплатиле скопјани како обештетување е двојно поголема.

Висината на оштетните надоместоци, утврдена низ судска постапка, се движи меѓу 60.000 и 180.000 денари, во зависност од возраста, степенот на повредите, последиците од нанесените повреди на оштетените.