Еве кои скопски општини ќе останат без струја

Од 7:30 до 15 часот денес без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. „Киро Фетак“ во општина Кисела Вода, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од  „ЕВН Македонија“ а.д.

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија денес од 8 до 11 часот ќе останат и корисниците од дел од ул. „Радован Ковачевиќ“ во општина Гази Баба.

Од  8:30 до 16 часот струја ќе немаат корисниците од дел од Студеничани на влезот во селото, од 9 до 13 часот корисниците од дел од ул. „Дрезденска“ во општина Карпош и од 9 до 14 часот корисниците од дел од село Горно Оризари во општина Бутел.