За првата половина од јуни, во Скопје се најававува уште еден граѓански протест, мотивиран од незадоволството на граѓаните заради покачувањето на платите на функционерите.
Протестот ќе се одржи на 7 јуни пред зградата на Владата на Република Македонија.
- Единствениот човек кој може да се избори за подобро утре на вас е оној човек што секогаш кога ке застанете пред огледало го гледате!
Затоа ЈАС на 07.06.2023 во 11 часот ке бидам пред ВЛАДА и ке барам покачување од 78% на примањата на лицата со попреченост и покачување на платите на сите граѓани исто така за 78%, бидејки и по закон и по устав сите граѓани сме еднакви, епа нема да може вие ПОЛИТИЧАРИТЕ да си ја покачите платата за 700 евра, а граѓаните да работат за 350 евра цел месец, на кој му е убаво нека седи дома, нека не смета на оние на кој НЕ им е убаво, и размислуваат со своја глава!!! - напиша на својот Фејсбук профил, Благојчо Горгиев, активист на човекови права и програмски координатор во здружението „Хендикеп плус“.