Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го повтори успехот на легендарниот Горан Пандев и со Наполи ја освои титулата во италијанската Серија А.
Елмас заедно со неговите соиграчи го повтори успехот од пред 33 години, кога Наполи за последен пат го освои Скудетото.
-Ние доаѓаме од мали земји како Македонија, Косово, Грузија, Словачка, Нигерија и Камерун и создаваме историја. Сонот на Наполи се оствари, напиша Елмас на Инстаграм.