Државата ќе ги покрива половина од трошоците за превоз за вработените во администрацијата

Новите измени на Законот за административни службеници предвидуваат државата да ги покрива половина од трошоците за вработените во државната администрација доколку местото на работа е оддалечено 2,5 километри од местото на живеење.

Првиот вицепремиер Артан Груби соопшти дека државата ќе импокрива половина од трошоците за превоз на вработените во јавната администрација.

Ова вчера било донесено на владината седница, на која било решено да се интервенира во Законот за административни службеници.

„Со новите измени и дополнувања на Законот за административни службеници кои ги изгласавме на денешната седница на Владата, се предвидува покривање на патните трошоци од местото на живеење до рабoтното место и обратно за државната администрација во висина од 50 отсто од месечната карта за транспорт, доколку местото на работа е оддалечено 2,5 километри од местото на живеење.

Со ова законско решение имаме за цел да им помогнеме на административните службеници преку олеснување на товарот на трошоците за транспорт и да придонесеме за континуирано подобрување на животниот стандард“, напиша Груби на социјалните мрежи.