„Ова е држава, а не драгстор во кој ќе влезе некој, ќе плати и ќе добие државјанство“, вели Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека за државјанство не е доволно само да се поднесе барање, туку треба да се исполнат и сите услови, како и да се поминат сите предвидени постапки.

Спасовски ѝ одговори на пратеничката Илире Даути која се пожали дека се пробиени роковите за давање државјанство на некои лица.

- Ова е држава, не е драгстор во кој ќе влезе некој, ќе плати и ќе добие државјанство. Не е доволно само да поднесете барање и од утре да очекувате дека ќе добиете државјанство ако одредени услови не се исполнети. Мора сите да разбереме - ова е процес и ова е држава, не е драгстор во кој ќе влез некој, ќе плати и ќе добие државјанство. Мора да поминат постапките и само преку поминати постапки може да се добие држајанство, кажа Спасовски.