Дождот и ветрот го исчистија Скопје

Скопје после подолго време веќе не се наоѓа на листата на топ 10 најзагадени градови. Скопје не е ниту помеѓу 50-те најзагадени градови благодарение на дождот и ветрот што овие два дена се присутни во главниот град.

Ако се погледне на веб страницата waqi.info речиси сите мерни станици се обоени со зелено што значи дека воздухот што моментално го дишат скопјани е одличен споредбено со она што го дишеа од пред два дена. Ја нема ниту маглата што беше присутна изминатава недела и што правеше уште потешко да се дише.

Најавите околу временската прогноза се дека не чека драстично заладување во периодот што следува, ама барем ќе дишиме далеку почист и поздрав воздух.