Добра вест за Македонците- конечен договор за безгрижно во Канада

Европската Унија донесе одлука со која ќе се израдуваат голем број на државјани на земјите од нашето соседство меѓутоа и голем број на Македонци кои го имаат пасошот на една од овие пет држави. 

Со новата одлука која стапува на сила од понеделник, граѓаните на Хрватска, Бугарија, Кипар, Романија и Полска ќе можат да влезат во САД само со претходно издадена виза, додека пак визниот режим целосно се исфрла кога станува збор за Канада па така овие државјани ќе можат со пасошот на својата земја да патуваат колку сакаат во оваа држава.  

Оваа мерка, како и целокупните напори да се отстранат визите за граѓаните на овие 5 земји настанаа откако Европскиот парламент во март ја повика Европската комисија во знак на одмазда да воведе визи за американските граѓани кои ќе сакаат да патуваат во Европа. 

Со оваа мерка, значаен број на Бугари и Романци веќе почнаа да ги прават плановите за тоа каде поточно ќе патуваат и кога ќе ја извршат посетата на оваа прекрасна земја.