И Канада со своја верзија на Евровизија

Канада се приклучува на евровизиското семејство. Откако се организираше американска верзија на фестивалот, сега и Канада ќе учествува со своите десет покраини и три територии. 

Извршниот супервизор на „Евровизија“, Мартин Остердал, имаше само убави зборови за приклучувањето на Канада кон евровизиското семејство.

-Уникатното наследство на изборот за песна на „Евровизија“ датира од пред 67 години и неговата светска популарност продолжува да расте. Време е Канада да се приклучи на забавата и да стане играч на овој светски спектакл. Љубовта кон музиката е универзална и славењето на различните жанрови и стилови на музиката ги надминува границите, обединувајќи ги луѓето на начин на кој не може ниедна друга уметничка форма. Возбудени сме што ги најдовме најдобрите партнери за да им понудиме друга верзија на овој радосен феномен на новите обожаватели и да го споделиме овој извонреден натпревар со канадскиот народ – изјави Остердал.