Дискриминирачка практика на ЕВН Македонија со воведувањето на евтина дневна тарифа, вели заменик народниот правобранител

Првиот човек на Регулаторна Марко Бислимовски вели дека оние домаќинства кои немаат евтина тарифа на струја ќе почекаат додека да се сетираат нивните мерила, а тоа, како што кажа тој се очекува до крајот на месецов

Дневната тарифа на евтина струја која стартуваше од 1.декември, очигледно ја немаат сите домаќинства. 

На оваа тема се огласи и заменик народниот правобранител Јован Андоновски. 

- Дискриминирачка практика на ЕВН Македонија со воведувањето на евтина дневна тарифа. Имаа доволно време да ги направат потребните подготовки за сите домаќинства. Не знам зошто ги толерира Регулаторна комисија за енергетика? - праша тој на својот фејсбук профил пред три дена. 

Вчера, Бислимовски во гостување на ТВ 24Вести рече дека не можат екипите на ЕВН одеднаш да заменат повеке од 400.000 броила, но, како што вети до крајот на месецот, евтината тарифа ќе ја имаат 90 отсто.