Детска пошта - дали се уште го чувствувате нивниот мирис?

Дали се уште кога ќе се сетите на вашите омилени парчиња хартија од детството - детска пошта, го чувствувате прекрасниот, незаменлив мирис? 

Децата од 80- тите и 90-тите години многу добро знаат за што станува збор. На лик, сосема обична хартја, но всушност е многу повеќе од тоа. 

И денеска се уште постојат дел од тие генерации кои ја чуваат таа колекција, а велат дека миризбата никогаш нема да исчезне. 

Ливчиња од Барби, од Дизни, од животни... секое си имаше посебно место, спакувани во посебни писменца. 

Детека пошта, собирање салфетки, менување - само мал дел од безгрижните детски денови од тоа време.