Детали за трагедијата во Скопје: Младо момче изгоре до смрт

На 28.12.2018 година во 12:50 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата „Јордан Мијалков“ во сервис за моторцикли „Тјунинг“,  експлодирала плинска боца, при што во моментот на експлозијата, А.Ј.(27) и М.Б.(33) и двајцата од Скопје, кои работеле на сервис на мотор, се здобиле со телесни повреди.

Со телесни повреди се здобил и сопственикот на сервисот С.П. (38) од Скопје.

Вработениот М.С.(25) од Скопје бил пронајден починат, а смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош.

На местото на настанот извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Се работи на целосно расчистување на настанот.