Детали од вчерашната сообраќајна несреќа кај Рамстор

По вчерашната објава на Скопје инфо за сообраќајната несреќа што се случи во близина на Рамстор каде што тешко беше повреден велосипедист, денес МВР излезе со повеќе детали.

„На 29.03.2024 во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Македонија“ и бул.„Св.Кирил и Методиј“ патничко возило „тигуан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.З.(51) од Скопје, удрило во велосипед управуван од Х.П.(33) од Свети Николе. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Х.П., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје“ се вели во соопштението на МВР