Десетици концерти ќе се одржат летово - организаторите гарантираат почитување на протоколите

Ноќниот клуб кој го организираше настапот на Аца Лукас , оваа недела одржува уште неколку музички настани. Откако српскиот пејач сам го откажа настапот по бурните реакции во јавноста, ноќниот клуб гарантира дека останатите закажани  настани ќе бидат согласно протоколите. Концертите ќе се одржуваат на фудбалски терен а присуството ќе биде со претходна резервација велат организаторите. По силните реакции во јавноста за концертот на Аца Лукас, тие објавија на кој начин ќе се погрижат за одржување на дистанцата помеѓу посетителите.

За целата организација ќе се грижат 50-60 луѓе обезбедување, потпомогнати и од други лица одговорни за протокол.

Слаткаристика, 2бона, Сандра Африка, Дарко Лазиќ се дел од пејачите кои настапуваат во организација на овој ноќен клуб. На 1ви август концерт ќе одржи популарниот хрватски пејач Петар Грашо во Античкиот Театар во Охрид. Организаторите најавија дека во продажба се пуштени само 1000 карти а од публиката бараат задолжително да носат маски. Летово ќе се одржат и голем број други музички настани, фестивали за кои министерот за здравство вели дека се донесени протоколи. Филипче за Сител вели доколку не се почитуваат, одговорноста е кај организаторите.

За јавните настани предвидено е да присуствуваат не повеќе од 50 проценти од капацитетот каде се одржуваат. Задолжително е носењето маски и  држување на физичка дистанца од најмалку метар и половина.

Best Nike Sneakers | These Two Nike nike sb slam city dunks shoes sale store Lows Change Colour in the Heat and Cold - Grailify