Десетгодишниот Македонец Ване Бошев, го искачи врвот Мормулада Пунто Пениа, висок 3.343 метри

Неготинецот Ване Бошев, на десет ипол години го искачи врвот Мормулада Пунто Пениа, еден од најпознатите врвови на Доломити во Италија со најдолга стена, висок 3.343 метри. Искачувањето се одвивало на стаза опремена со метално јаже за безбедност на искачувачите, пишува Република.

– За овој подвиг тој интензивно се подготвуваше на македонските планински врвови. Во тоа многу му помогнаа Магдалена Климова од Охрид и Александар Кленов од Демир Капија. Уште еднаш ги почувствува убавините, но и ризиците на планините, изјави денеска неговиот татко Орданче, кој е исто така планинар.

Експедицијата броела 12 планинари, пет од Македонија и седум од Србија.

Младиот неготинец планинари од неполни три години. Досега има освоено бројни планински врвови во земјава и странство и многу признанија.

air max 90 essential sale