(Фото) Петмесечно бебе на врвот Голем Кораб

Традиционалното искачување на Голем Кораб 2.764 нмв кој е највисокиот врв во Македонија, се случи  на 4 септември по повод  Денот на независноста на Македонија.

Го искачуваа планинари од голем број на планинарски друштва од земјата, регионот па и од Далечниот Исток.

Бројката на искачени планинари годинава изнесуваше околу 1500, меѓу кои и е планинарите на I love hiking кои со бројно учество дадоа поддршка на оваа акција. Но она што е за поздравување е храброста на родителите на врв да качат и мали деца, имајќи предвид дека искачувањето на Кораб трае околу четири часа.

фото: емагазин

Верувале или не, на петмесечно бебе му менуваа памперс пелени на повеќе од 2.500 нмв. Но родителите биле планинари кои во кенгур го качија бебето на врв. Педијатрите не препорачуваат толку мали бебиња на толку голема висина, но како планинари ги прашуваме, што е со бебињата кои се раѓаат во Непал на височина од 5.000 метри. Па така, не само што најдовме оправдување за овие млади родители, туку се вистински пример за негување на љубовта кон планината и природата од непроодени нозе.

Ова е малиот Алексеј со својот чичко кој го искачи Кораб. 

Фото:Марија Грујовска