Денешниот ден пак ќе биде најтопол кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени додека пак УВ индексот ќе има висока вредност и ќе има коефициент 7, анализира Славчо Поповски.
Сабота пак ќе биде денот со најголема нестабилност кога на многу места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер додека пак локално ќе има услови за појава на невреме проследено со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер, појава на град како и значително количество на воден талог. Температурите пак ќе бележат тенденција на незначителен пад.
И понатаму ќе се задржи значителниот транспорт на прашина и песок од Сахара кон нашата држава со што и атмосферата ќе биде многу заматена.