Во Основниот суд Скопје 1 денес продолжува судењето за случајот Диво Насеље. Под силно полициско обезбедување обвинетите се спроведуваат во судот.
За денес е предвидено судот да продолжи со сослушување на другите обвинети што не ја дадоа својата одбрана за случајот.
Во судскиот процес Диво Насеље на 37 обвинети им се суди за тероризам и терористичка организација.
Во нападите во кумановската Дива Населба загинаа осуммина припадници на полицијата, а околу 40-тина беа повредени.