"Денес кога станувам пионер" - носталгија за Денот на Републиката и дамнешните вредности

На 29 Ноември во далечната 1943 година на второто заседание на АВНОЈ беа поставени темелите на новата држава Југославија, за да на истиот тој ден во 1946 година во Белград се прогласи за ФНРЈ (Федеративна Народна Република Југославија).

Старите скопјани и југоносталгичарите, се посебни емоции, се сеќаваат на овој датум. 

-"Денес кога станувам пионер" ….. се ореше гласот на илјадници млади и детски насмевки, дечиња облечени во бели иштиркани кошули, заврзани околу вратот со црвени шамии и плави “титовки“ на глава во училиштата и домовите на ЈНА ја даваа свечената заклетва дека ќе го следат патот на Другарот Тито и ќе бидат поштени, искрени, верни пионери кон државата наречена Југославија… се сеќава еден повозрасен скопјанец. 

Почит за денот со сеќавање одадоа и од твитер заедницата: