Дел од Скопје утре без вода

ЈП „Водовод и Канализација“ информира дека на 14.07.2023 (петок) ќе има прекин на водоснабдувањето во еден дел од Скопје.

- Поради изведување на водоводен приклучок од ф-100 мм на ул. „15-ти Корпус“ бр.15 во населба Автокоманда, во периодот од 07.00 часот па сè до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. „15-ти Корпус“ како и сите деловни објекти лоцирани на неа (општина Гази Баба).