Дел од патот во Крива Паланка поплавен

"Во прекин е сообраќајот на магистралниот пат А2 Куманово - Крива Паланка, од местото Осички мост до Технички преглед, од ноќеска во 23.40 часот. Сообраќајот е во прекин во двата правци поради нанос на песок од невремето", информира АМСМ.

Поплавен и отсечен е и патот кај кривопаланчекото Село Станци со околните места, како и ул. „Петар Драпшин бор“ 44 - Куманово.