Во петок, 08.07.2022 година, поради дефект без вода ќе останат делови на општина Центар.
Во известувањето на ЈП Водовод и Канализација се наведува дека на ден 08.07.2022 година ( петок ), поради уличен дефект од ф -80 мм на ул. Стив Наумов бр.63, во периодот од 09.00 часот па се до санација на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Стив Наумов, Тетовска, Раде Јовчевски Корчагин, Благоја Деспотовски Шовељ и Пролет, како и објектите на амбулантата на МВР и
полициската станица Пролет (општина Центар).